Панко Брашнаров (1883 – 1951)
Панко Брашнаров бил македонски национален борец, револуционер и комунист. Својата револуционерна и политичка дејност ја започнува на почетокот од 20 век во Османлиската Империја, а ја продолжил во Кралството Југославија, како член на Комунистичката партија на Југославија. Личноста и дејноста на Брашнаров претставуваат еден од многуте примери на микроисторија од првата половина на 20 век. Неговата активност ја објаснува историјата на разни револуционерни, национални, социјалистички и комунистички идеи што се формирале и се развивале на крајот од Османлиското Царство, во Македонија, во Југославија и на Балканот.
Брашнаров е роден во Велес, во тогашната Османлиска Империја. До почетокот на Втората светска војна бил активист и член на различни револуционерни организации кои, во основа, се залагале за интересите на ситните земјоделци, занаетчии и работници, но и за борба за создавање автономна и слободна Македонија. Член е на Комунистичката партија на Југославија од самото нејзино формирање, но неговите политички идеи и проекти што имале за цел да ги обединат македонските револуционерни и политички сили го довеле до судир со Партијата. На крајот од Втората светска војна, Брашнаров активно учествува во создавањето на македонската република, но набрзо е деградиран поради своите ставови за обединување на Македонија во рамките на широка комунистичка интернационала или Балканска федерација, но и против враќањето на српските и црногорските колонисти кои во Вардарска Македонија биле населени по Првата светска војна. Во немилостна партиското раководство во 1948 година се изјаснува за Резолуцијата на ИБ и останува приврзаник на „интернационалистичката“ доктрина, а политиката на КПЈ ја смета за „спротивна на интернационалистичката суштина“ и за неприфатливо одвојување на Партијата од својата орбита (Советската комунистичка партија). По Резолуцијата, организира илегални групи против КПЈ и воспоставува илегален канал со Албанија за префрлување на приврзаници на Резолуцијата. Кон крајот на 1950 година уапсен е во Скопје, под обвинение дека извршил кривично дело против народот и државата. Откако локалните судски власти донеле одлука дека „измислувал и ширел лажни вести“ со што го нарушувал спокојството на граѓаните, испратен е на Голи Оток, каде што умира на 13 јули 1951 година, поради болест и нехумано третирање.