2. Хотел
Т.н. „Хотел“ е зграда изградена во 1950 година. Зградата служеше како сместувачки капацитет за истражители членови на Удба (1 кат), заедно со простор за испрашување на притворени лица додека на приземјето се наоѓаше кантината. Денешната шума околу зградата „Хотел“ е резултат на пошумување од 1950 година. Имено, основањето на логорот го смени Голи Оток и неговата околина, на начин што влијаеше врз затворениците во него. Областа пред зградата првично била камен шут, како што се гледа на фотографијата. Администрацијата на логорот сакаше да го пошуми Голи Oток или барем делови од него каде што е можно. Земјата беше носена од блиските околни острови, со цел да се посадат садниците, од кои претежно беа борови. Тајната полиција користеше систем кој комбинирано вршеше политичко пребразување и принудна работа. Затворените, честопати со часови ги користеле сопствените тела како заштита на садниците од жешкото сонце.
Фотографија на т.н. зграда Хотел
Извор: Архива на здружението Голи Оток „Анте Земљар“
Авторот е непознат