Голи Oток – југословенска јавна тајна
Југословенската тајна полиција им забрани на притворените да зборуваат за Голи Оток и нивните искуства во логорот. Пред да бидат ослободени, затворениците од логорот мораа да го потпишат т.н. „обврска“ во кои тие ветија дека ќе молчат за настаните во логорот под закана за повторно затворање. Повратниците главно зборуваа за Голи Оток само со луѓе на кои најмногу веруваа. Така, Голи Оток долго беше југословенска јавна тајна.
Темата на пресметката со приврзаниците на Сталин првпат започна да се пробива низ литературата кон крајот на 60-тите години на минатиот век, со романот на Драгослав Михаиловиќ „Кога цветаа тикви“. По смртта на Тито во 1980 година, беа објавени десетици романи (Исаковиќ, Хофман, Селениќ, Михаиловиќ) засновани врз сведоштва на поранешни затвореници во логорот кои ја отворија оваа тема за време на постепената либерализација на општеството. Во исто време, се јавија некои сомнителни и задоцнети гласини од определена официјална историографија, како и извинување од страна на членови на службите за државна безбедност од времето на спорот Тито-Сталин, го оправдаа постоењето на логори за притвор тврдејќи дека “без Голи Оток Југославија ќе станеше Голи Оток“.
Во 80тите година на 20тиот век, конфликтот со Сталин стана тема на повеќе играни филмови, меѓу кои беа „Балканскиот шпион“ и „Татко на службено патување“. Појавата на филмови, сведоштва и таканаречената „литература на Голи Оток“, имаа силен ефект врз југословенското општество, кое веќе се соочуваше со криза. И покрај историскиот контекст по повод формирањето на логорот , излегување на податоците во јавноста за тортурата која се случувала таму, дополнително разочара многу луѓе и придонесе кон зголемување на недовербата во југословенскиот комунистички поредок. По распадот на Југославија, логорот остана неистраженa темa, а воедно и новите држави наследници не гледаа голем интерес во наследството на поранешната заедница.